60
Интересен меч се одигра
во Сан Себастијан на Аноета арената каде Реал Сосиедад на домашен терен го
пречека првопласираниот тим во Примера, екипата на Барселона во 19. рунда натпревари
од Ла Лига.
Со погодоците на Жозе и
Хуанми, домаќините имаа предност од дури 2-0, но Паулињо на шест минути пред
паузата намали на 2-1 и навести интересно второ полувреме во кое гостите со
двата гола на Суарез, и еден погодок на Меси дојдоа до победа од 2-4.
Со оваа победа Барселона
сега има 51 бода на првото место во Примера, девет повеќе од Атлетико Мадрид,
односно 11 во однос на Валенсија. Разликата со Реал Мадрид е огромна и изнесува
цели 13 бода.