На Марсело и
Касемиро летоска би можеле да им се придружат уште неколку Бразилци во Мадрид.
Винисиус од поодамна е капарисан и треба да пристигне во јули, но
суперталентираниот офанзивец би можел веднаш да биде вратен дома на калање уште
додатни 12 месеци.
Нејмар е прва
желба на Флорентино Перез, а претседателот на Реал мерка уште двајца Бразилци.
Според денешното
издание на Кориере дело Спорт, „Кралевите“ го сакаат чуварот на мрежата на Рома Алисон. Актуелниот
шампион на Шпанија и Европа е подготвен да плати 60 милиони евра како
обесштетување, и да му понуди на голманот пет годишен договор со плата од 5
милиони евра по сезона.
Клубот од
Сантијаго Бернабеу исто така сака да го ангажира и Маркињос, кој треба да ги
реши проблемите кои Зинедин Зидан ги има во одбраната. Дефанзивецот е по мерак
на сите во Реал, а наводно и самиот Нејмар дал предлог неговиот сонародник да
му се придружи во Мадрид.