За иднината на
Нејмар на Паркот на Принцовите се говори со месеци, и практично секој ден има
нова шпекулација.
Денеска во Шпанија проструи вест дека Бразилецот има клаузула според која може
да замине за 300 милиони евра доколку не се исполнат неколку услови, односно
доколку тој не ја освои Лигата на шампионите ниту пак ги добие престижните
индивидуални награди како „Златна Топка“ од Франс Фудбал или „Д Бест“ од ФИФА.
Едно вакво
сценарио прилично им ја олеснува работата на Реал Мадрид и останатите кои
сакаат да го купат Нејмар. Со доставување на чек од 300 милиони евра, напаѓачот е
нивен и ПСЖ нема никаков збор. Токму така „Светците“ го ангажираа Нејмар и
покрај тоа што Барселона не сакаше да слушне за продажба, „Парижаните“ со 222 милиони евра
ја активираа неговата откупна клаузула.
Но „Кралевите“
доколку сакаат летоска да го ангажираат играчот ќе мора да го сторат тоа на
потешкиот начин и да го убедат богатиот Шеик да се раздели со својата најголма
ѕвезда и симбол на проектот вреден преку една милјарда евра.
ЛФП се огласи и
ги расчисти сите дилеми. Телото кое се грижи за фудбалот во Франција соопшти
дека нивните правила забрануваат било какви откупни калузули па затоа нема
никаква клаузула со која Нејмар може да направи трансфер без амин од ПСЖ.