137
Барселона, Севиља и Фудбалската Федерација на Шпанија се договорија финалето од Копа дел Реј да се игра на Ванда Метрополитано во Мадрид на 21. април.
„Каталонците“ не се сложија да играат во Андалузија, Реал Мадрид се правеше „на Тошо“ и не го понуди Сантијаго Бернабеу, па Ванда Метрополитано беше најлогичниот избор.
Атлетико веднаш даде зелено светло бидејќи на овој меч гледа како на генерална проба за финалето од Лигата на шампионите во 2019.
Се говори дека двата клуба ќе добијат по 22.000 влезници, капацитет на Ванда Метрополитано е 68.000.
Поради финалето од Копа дел Реј, три натпревари ќе бидат одложени. Средбите Атлетико-Бетис, Севиља-Реал Мадрид и Барселона-Виљареал ќе се одиграат на 9. мај.