Реал синоќа беше
понижен откако Барселона со 0-3 триумфираше среде Мадрид и обезбеди финале во
купот на сметка на својот лут ривал.
Изданието на
„кралевите“ беше анализирано од многумина во Шпанија, а свое видување даде и
Алваро Бенито, кој како играч ги има поминато сите категории во Мадрид и
дотурка до првиот тим, а сега работи како тренер во академијата и го предводи
Хувенил Б тимот, со кого бележи добри резултати и е на второто место на табелата.
Во емисијата „Карусел
Депортиво“ на СЕР, тој имаше многу замерки, го обвини Серхио Рамос дека е
виновен за првиот гол, „удри“ по Касемири и Крос и праша зошто Иско не добива
шанса за разлика од Бејл кој добива минутажа и покрај тоа што не блеска.
Очигледно
Флорентино Перез не трпи критики па Алваро Бенито доби „клоца“. На негово место е именуван легендарниот Раул, кој пред три години се врати во
Мадрид за да почне да работи на добивање на тренерските лиценци.