Реал може да биде загрижен, Баерн Минхен шест пати ја тресеше мрежата на Леверкузен (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Полуфиналниот дуел меѓу Баер Леверкузен и Баерн Минхен требаше да биде дерби, но Баварците распукаа, дадоа шест голови и му испратија порака на Реал Мадрид дека влегуваат во голема форма пред нивниот дуел.

По неполни десет минути игра беше 2-0 за Баерн Минхен благодарение на два гола на Левандовски. Леверкузен намали во 16. минута преку Бендер и со 1-2 се замина на полувреме.

Во вториот дел Баерн Минхен даде уште четири гола, од нив три беа дело на Томас Милер, еден на Алкантара. Погодокот за Леверкузен го постигна Бејли.

Баерн Минхен во финалето ќе го чека подобриот од дуелот меѓу Шалке и Ајнтрахт Франкфурт.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани