Реал Мадрид во Премиерлигата го бара новиот голман

by
1 минути читање

Кејлор Навас беше фантастичен минатата сезона, но и покрај тоа Реал Мадрид се поврзуваше со нов голман. Навас оваа сезона имаа мал пад во формата, па медиумите пишуваат дека кралскиот клуб следното лето сигурно ќе се поднови со голман.

Реал Мадрид долго време се поврзуваше со Давид Де Геа, но со доаѓањето на Жозе Мурињо во Манчестер јунајтед се стави крај на сите шпекулации околу иднината на Шпанецот кој јавно кажа дека повеќе не размислува на заминување, туку сака да работи со Португалецот.

Следен пик на Реал Мадрид беше Тибо Куртоа кој не беше среќен во Челси, но работите се променија и таму. Под водство на Конте Челси игра фантастично и има огромни шанси да ја освои Премиерлигата, таквата позиција на клубот му дава сигурни шанси да го задржи целиот тим.

Телеграф пишува дека возможна цел на Реал Мадрид е францускиот репрезентативец, Хуго Лорис иако тој неодамна потпиша нов договор со Тотенхем.

Тотенхем ужива уште една одлична сезона, досега ништо не сугерираше дека Реал Мадрид има интерес за Лорис, но извори од Шпанија за англискиот медиум откриле дека кралевите веруваат дека многу полесно можат да го купат Лорис, отколку Куртоа.

Во Тотенхем се свесни дека голем е интересот за нивните фудбалери, покрај Лорис, постојано се шпекулира и со заминување на Кејн и Деле Али, но раководството на клубот засега напорно работи за задржување на своите ѕвезди.

Реално е Реал Мадрид да се обиде да го ангажира Хуго Лорис од Тотенхем, па ќе остане да видиме дали клубот од Северен Лондон ќе одолее на нападот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани