Реал Мадрид со победата против Борусија Дортмунд постави рекорд

by Стефан
1 минути читање

Реал Мадрид вчера ја елиминираше Борусија Дортмунд и победата од 3-2 над „милионерите“ за нив беше рекорден 67 натпревар во сезоната 2024/2025.

Така „кралевите“ го надминаа досегашниот рекорд од сезоната 2001/2002 кога одиграа 66 натпревари во сите натпреварувања.

Кога ќе се пресмета шпанскиот гигант во просек играл натпревари на 2.78 дена што е навистина неверојатен податок.

Вкупно Реал забележа 45 победи, осум пати ремизираше и запиша 14 порази. Во полуфиналето в среда шпанскиот гигант ќе се соочи со Пари Сен Жермен кој сезонава за првпат во својата историја стана европски шампион.

Еден ден претходно Флуминезе ќе ги одмери силите против Чели во првата полуфинална пресметка.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×