Реал Мадрид влезе во финалната битка за одбрана на европскиот трофеј, Баерн Минхен има за што да жали, но и да приговори на арбитражата од реваншот (ВИДЕО)

by
3 минути читање

Реал Мадрид е
првиот финалист сезонава во Лигата на шампионите, откако во полуфиналето го
елиминираше Баерн  Минхен, со гостинска
победа од 1-2, односно реми од 2-2 пред своја публика вечерва во реваншот.

Прв во водство
дојде Баерн со голот на Кимих во третата минута, но Реал со погодокот на
Бензема осум минути подоцна израмни на 1-1, со тој резултат се замина на
паузата.

По неполна минута
игра во вториот дел Бензема со својот втор гол на мечот му донесе пресврт на
Реал Мадрид, по невнимателноста на Толисо и аматерската реакција на Улрих.
Баерн со голот на Родригез во 63
. минута израмни на 2-2 а Колумбиецот
кој настапува како позајмен токму од редовите на шпанскиот тим се извинуваше до
фановите на Реал Мадрид.

Реал Мадрид
својот противник во големото финале ќе го дознае утре вечер кога Рома и
Ливерпул го играат реванш мечот, откако англискиот тим во првата пресметка
славеше со убедливи 5-2.

Сепак, ќе има што
да приговараат од германскиот тим по одлуката на турскиот арбитар Чунејт Чакир
да не досуди најстрога казна за гостите во финишот од првото полувреме откако и
снимките покажаа дека Марсело играше со рака во казнениот простор на шпанскиот
тим.

Реал Мадрид: Навас, Рамос, Варан, Роналдо, Крос,
Бензема (Бензема 72’), Модриќ, Марсело, Васкез, Асенсио (Начо 88′) и Ковачиќ (Касемиро 73’).

Баерн  Минхен: Улрих, Суле, Хумелс, Алкантара,
Рибери, Левандовски, Родригез (Мартинез
84
’), Толисо (Вагнер 74’), Милер, Алаба, Кимих.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани