Реал Мадрид славеше
со 1-2 во првата пресметка против Баерн Минхен во полуфиналето од Лигата на
шампионите, па ќе има убава можност на реваншот пред своја публика да го визира
местото во големото финале.
Германците преку
Кимих први дојдоа до водство во 28. минута, а Марсело со еден убав погодок на
една минута пред крајот на првото полувреме донесе израмнување за Реал Мадрид
кој немаше допадлива игра во првиот дел и беше во сенка на доминацијата на
домаќините.
Во второто
полувреме Зидан се реши во игра да го уфрли Асенсио на местото на
индиспонираниот Иско уште на стартот од вториот дел, тој донесе водство за
својата екипа во 57. минута, а воедно го постави и конечниот исход од оваа
средба.
Голем хендикеп
имаше германскиот тим откако уште по првите 45 минути игра остана без Робен и
Боатенг кои се здобија со повреди па мораа предвреме да го напуштат теренот.
Баерн Минхен: Улрих, Рафиња, Боатенг (Суле 33’),
Хумелс, Кимих, Робен (Алкантара 8’), Рибери, Мартинез (Толисо 75’), Родригез, Милер и Левандовски.
Реал Мадрид: Навас, Рамос, Марсело, Карвахал (Бензема 67’),
Варан, Модриќ, Крос, Касемиро, Иско
(Асенсио 46’), Васкез
и Роналдо.
Мечот го судеше
холандскиот арбитар Бјорн Кујперс.