Реал Мадрид поблиску до зоната за испаѓање отколку до Барселона

by
1 минути читање

Реал Мадрид викендов
забележа пораз пред своја публика од Виљареал кој со минимални 0-1 си замина од
гостувањето на „Сантијаго Бернабеу“.

Првата ѕвезда на тимот
од Мадрид, Кристиано Роналдо имаше мошне лошо издание, а францускиот стратег
Зинедин Зидан во последниов период е под огромен притисок поради
катастрофалните резултати.

Интересно, на табелата
во Примера, Реал Мадрид бодовно е многу поблиску до зоната за испаѓање, отколку
до првопласираната Барселона.

Барселона со 51 бод има
предност од дури 19 бода над својот голем ривал, кој пак има 16 бода предност
во однос на Депортиво Ла Коруња, екипа која е на 18. позиција која води во
понискиот ранг на Шпанија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани