Пред крајот на преодниот рок Арсенал за рекордни 64 милиони евра го донесе Обамејанг како огромно засилување во офанзивната линија.
Во последните недели пред да замине од Дортмунд, Обамејанг пропушташе тренинзи, се однесуваше незрело со цел да го присили клубот да го продаде во Арсенал.
Но, Обамејанг можел да отиде и во Реал Мадрид и тоа за десет милиони евра помалку отколку што плати Арсенал. Но на раководството на кралскиот клуб не му се допаѓало однесувањето на фудбалерот и се откажале од намерата да го ангажираат.
Обамејанг на претставувањето како нов играч на Арсенал призна дека е свесен за неговото однесување и рече дека тоа едноставно е дел од неговата личност.
„Жал ми е за се што се случуваше во последните недели. Сакав да си заминам од минатото лето и почувствував дека мора да реагирам за да ја остварам својата желба. Можеби не го одбрав вистинскиот начин, но сите знаат дека Оба е луд и да, навистина сум млад и луд. Правев грешки, но никогаш со лоша намера“, призна Обамејанг.