Прва голманска цел во летниот преоден рок за Реал Мадрид ќе биде голманот на Рома и бразилската репрезентација, Алисон.
Во Реал Мадрид сметаат дека полесно можат да дојдат до Алисон отколку до Де Геа или Куртоа, а квалитетот на решението нема да биде послаб.
Се очекува цената на Алисон да биде помеѓу 50 и 60 милиони евра, а за Куртоа или Де Геа ќе треба да платат повеќе од 100 милиони евра со оглед на цените на денешниот трансфер пазар.
Неговата плата исто така би била помала во однос на онаа на шпанскиот или белгискиот голман, бидејќи тие нема да дозволат намалување на платите кои сега ги земаат во Англија.
Алисон брани во голема форма во дресот на Рома и бразилската репрезентација каде е прв голман пред чуварот на мрежата на Манчестер Сити, Едерсон.
Тој ќе има можност да ги покаже своите квалитети и на голема сцена и во четвртфиналето од Лигата на шампионите кога Рома ќе игра против Барселона.