Иако неговиот договор со ПСЖ трае до 2022 година, Нејмар не сака веќе да игра во Франција, сака да замине уште во летниот преоден рок.
Тој побарал да седне со челниците на ПСЖ и да преговара за негово заминување. Нејмар сфатил дека направил грешка со преминувањето во Франција. Дополнително, не можел да се прилагоди на соиграчите, особено на Единсон Кавани со кои имаа недоразбирања.
Нејмар во моментов е прва цел на Реал Мадрид, но за да го добие Бразилецот ќе треба да го сруши рекордот. ПСЖ ќе наплати добро за да го пушти Нејмар.
Се шпекулира дека на Реал Мадрид ќе му треба минимум понуда од 260 милиони евра, а можеби и 300 милиони и повеќе.
Дополнително може да се јави проблем со платата. Кристијано Роналдо во моментов преговара за покажување на примањата и тој сигурно нема да сака да зима помала плата од Нејмар.
Тоа се трошоци кои можат да го нарушат балансот на финсискиот фер плеј во Реал Мадрид, па се очекува кралскиот клуб да продаде дел од своите играчи од кои може да извади добра сума на пари. Такви би требало да бидат Герет Бејл, Карим Бензема…