Египјанецот има
фантастична прва сезона во дресот на Ливерпул, сруши неколку рекорди и со 30
погодоци е прв стрелец во Европа.
Одличните
изданија придонесоа името на Мохамед Салах во неколку наврати да се поврзе со
Реал Мадрид. На ваквите гласини сега се надоврза Ахмед Мидо, кој соопшти дека
„Кралевите“ навистина го посауваат неговиот сонародник.
„Реал Мадрид го
сака Салах” – вели поранешниот
фудбалер, кој важеше за голем талент но не успеа поради темпераментот и
незгодниот карактер.
„Сите можеме да
видиме колку се лоши Бејл и Бензема кога Реал игра 4-4-2. Се плашев дека Салах
нема да се снајде во Ливерпул, но сега е подготвен за скок на уште едно
повисоко ниво. На „Кралевите“ од голема корист ќе им бидат неговите вештини”.