Eкипата на Реал Мадрид и официјално го претстави Дин Хујссен за кого плати 53 милиони евра на екипата на Бормут.
„Кралевите“ го потврдија трансфеот пред неколку недели, а денеска Холанѓанецот пристигна во Мадрид.
„Потпишав за најдобриот клуб на планетата. Тука секогаш се игра прекрасен фудбал и секогаш се борите за највисоките достигнувања. Се надевам дека трансферот ќе се покаже како успешен и добар, ќе дадам се од себе за да оставам колку што е можно подобар впечаток. Добо знам што се бара од мене, знам каде доаѓам и во Реал Мадрид никогаш не се отстапува од мисијата. Благодарам што се тука за мене“, изјави Хујсен пред навивачите и новинарите.
Бормут за Хујсен плати 15 милиони евра на Јувентус, па така премиерлигашот оствари одлична заработка од холандскиот дефанзивец.
Во Реал Мадрид, Хујсен ќе го носи дресот со број 24.