И покрај тоа што уште од 7. минута играа со фудбалер помалку, фудбалерите на Реал Мадрид славеа убедлива победа над мексиканската Пачука со 3-1 во второто коло од Светското клупско првенство кое се игра во САД.
Натпреварот не започна идеално за избраниците на Чаби Алонсо, дефанзивецот Марко Асенсио доби директен црвен картон поради старт со кој спречи стопроцентна шанса за противникот. Но, и покрај тој хендикеп, „кралскиот клуб“ доминираше на теренот.
Џуд Белингам и младиот Арда Ѓулер беа прецизни во првиот дел и донесоа предност од 2-0 пред паузата. Во второто полувреме, уругвајскиот интернационалец Федерико Валверде зголеми на 3-0, по што остана само да се запише утешниот погодок на Монтиел за мексиканскиот тим во завршницата на натпреварот.
Со оваа победа, Реал стигна до првиот триумф на турнирот, откако во воведното коло одигра нерешено против Ал Хилал. Во последното трето коло од групната фаза, шпанскиот гигант ќе се соочи со австриски Салцбург во меч кој ќе реши кој ќе оди понатаму.