Се најавува дека
„Кралевите“ летоска ќе прават голема реконстуција, па речиси секој ден клубот
од Сантијаго Бернабеу се поврзува со некое име.
Според денешното
издание на МЕН, Реал Мадрид стапил во контакт со Манчестер јунајтед и побарал постојано
да биде информиран за ситуацијата на тројца играчи. Шамионот на
Европа и Шпанија и понатаму е заинтересиран за Давиде Де Хеа а ги мониторира и
Пол Погба и Антони Марсијал.
МЕН додава дека
Реал Мадрид за возврат на „Ѓаволите“ им понудил опција први да го купат Герет
Бејл, за кого се почесто се пишува дека ќе биде продаден по крајот на сезоната.
Манчестер јунајтед сакаше да го купи Велшанецот уште кога тој беше во Тотенхем,
а Жозе Мурињо отворено флертуваше со играчот и минатото лето.
На Манчестер
јунајтед слична опција му била понудена и за уште двајца фудбалери, Лука Модриќ и
Тони Крос, кои исто така и во минатото беа желба на клубот од Олд Трафорд.
Останува да се
види дали ќе има некоја луда трампа помеѓу двата клуба, но како што стојат
работите во овој момент, Манчестер јунајтед нема намера да преговара со Реал
Мадрид за Давид Де Хеа и се очекува голманот да добие нов богат договор.