62
„Кралевите“ за
пресметката со Јуве во Лигата на шампионите се загреаа со рутинска победа над
Лас Палмас. Зинедин Зидан за гостувањето на Гран Канарија одмараше неколку
играчи (Роналдо, Рамос, Марсело, Крос, Иско) суспендиран беше Карвахал, но и
без пола тим, Реал Мадрид лесно стигна до трите бода.
Резултатот беше
отворен во 26. минута, Модриќ испрати прекрасна долга топка за Бејл, кој силно
биеше над домашниот голман за 0-1. Пред крајот на првиот дел, гостите ја
дуплираа предноста, Бензема реализираше пенал за 0-2.
Во 51. минута од
мечот, Реал доби нов пенал, а овој пат непогрешлив од белата точка беше Герет
Бејл за конечни 0-3.