Реал досега е лидер по заработка на клупскиот Мундијал!

by 24 фудбал
1 минути читање

Реал Мадрид не доминира само на теренот, туку и на финансиското поле – „кралскиот клуб“ стана првиот што ја проби границата од 50 милиони евра заработка на Светското клупско првенство.

Шпанскиот гигант досега инкасираше вкупно 54,83 милиони евра, најмногу од сите четвртфиналисти на турнирот. Голем дел од оваа сума (32,8 милиони) пристигна уште пред почетокот на натпреварите, како фиксна сума за учество. Останатите пари се слеваа со секој успех: пласманот од групната фаза, па до елиминацијата на Јувентус во осминафиналето.

Зад Реал следуваат Баерн Минхен со 48,97 милиони евра, ПСЖ со 48,37 и Борусија Дортмунд со 45,43 милиони. На другата страна од табелата се најдоа бразилските Палмеирас и Флуминенсе (по 34,26), како и Челзи (32,77), а на дното е Ал-Хилал со 29,39 милиони евра.

Заработка на четвртфиналистите:

  • Реал Мадрид – 54,83 милиони €
  • Баерн Минхен – 48,97
  • ПСЖ – 48,37
  • Борусија Дортмунд – 45,43
  • Палмеирас – 34,26
  • Флуминенсе – 34,26
  • Челзи – 32,77
  • Ал-Хилал – 29,39

„Кралевите“ се на добар пат да ја збогатат касата уште повеќе доколку стигнат до самиот финиш на Мундијалот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×