За можноста
Нејмар да се пресели на Сантијаго Бернабеу се пишува со месеци, но
гласноговорниците на Флорентино Перез оваа недела целосно се ставија во функција на агендата на „Кралевите“ и нивниот прв човек.
Весниците блиски до Реал, АС и Марка го
поставија Бразилецот на своите насловни страни и практично секој ден имаат по неколку
стории за напаѓачот, за тоа како преговорите се веќе започнати, како Нејмар
одлучил дека заминува Париз и колку е потребно да се искешира за реализација на
трансферот.
Во ова
надмудрување без да се каже нешто конкретно од официјалните лица, ПСЖ сега испрати
порака. „Светците“ денеска го презентираа дресот за новата сезона а во главен
фокус на промотивната слика беше Нејмар, заедно со Кавани, Мбапе, Верати и Алвеш.
Но не само тоа,
Бразилецот беше единствениот лик во промотивниот пост на ПСЖ на Инстаграм.
Обично доколку
некој играч е изоставен од промотивните материјали тоа значи дека нема иднина
во клубот, и во спротивно, доколку е главен лик, клубот не помислува да го
продаде.