РБ Лајпциг не престанува да си тера мајтап со Ливерпул, „Биковите“ одново ги истролаа „Црвените“ (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Минатото лето,
Ливерпул силно притисна за потписот на Наби Кеита, но РБ Лајпциг не сакаше да
слушне за продажба на фудбалерот од средниот ред.

На крајот, двата
клуба пронајдоа компромис и се договорија 22 годишниот играч од Гвиенеа да се
пресели на Енфилд во јули 2018.

Откако на
почетокот од јануари Филипе Кутињо заврши во Барселона за 160 милиони евра,
„Црвените“ одново тропнаа на вратата на „Биковите“.

Ливерпул беше
подготвен да плати додатно помеѓу 15 и 20 милиони евра за уште овој месец да го добие
Наби Кеита наместо по крајот на сезоната.

Во екот на овие
се погласни шпекулации, РБ Лајпциг се огласи на социјалните мрежи со пост кој
започнуваше со „ОФИЦИЈАЛНО“. И додека фановите на Ливерпул си помислија дека
паднал договор, „Биковите“ само го тролаа гигантот од Англија и објавија видео
од најдобрите додавања на Наби Кеита.

Сега РБ Лајпциг
одново реши да се тера мајтап со клубот од Енфилд. На Твитер беше објавен пост
со кој клубот од Германија го потсети Ливерпул дека е 1. февруари, односно
дека преодниот рок заврши, а Наби Кеита се уште е нивен играч. На социјалната
мрежа исто така беше споделено и видео од самиот играч како танцува.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани