Џирона го фати на
спиење фаворитот и поведе по само три минути игра, но Барселона за кратко време
се врати на прав пат и тоа благодарејќи на Лео Меси.
Аргентинецот, кој беше расположен за игра, му додаде на Луис Саурез за 1-1 веќе
во 5. минута. Со оваа асистенција, тој стигна до бројката од 124 асистенции и
испиша нов рекорд во Ла Лига.
Самиот Лео Меси
по половина час игра се запиша во листата на стрелците, и ја додаде Џироан во
списокот на клубови против кои постигнал гол и стана фудбалерот кој погодоил
против најмногу различни противници во Ла Лига, дури 36, со што го надмина легендарниот
Раул Гонзалес и Ариц Адуриз.
Ѕвездата на Барса
потоа уште еднаш покажа дека е голем мајстор и умешно биеше под живиод ѕид за
3-1, за пред финишот на првото полувреме, да ја поведе акцијата од која Кутињо
му асистираше на Суарез за 4-1.