730
„Корере дела Сера“ пишува за раскол во соблекувалната на Интер. Првата ѕвезда на тимот, Мауро Икарди имал жестока караница со хрватскиот двоец, Иван Перишиќ и Марсело Брозовиќ по неделното реми кај СПАЛ.
По инцидентот ја прекинале комуникацијата на социјалните мрежи, Брозовиќ престанал да го следи Икарди на инстаграм, а Перишиќ го избришал од Фејсбук.
Се пишува дека ова не е најдобриот период за Икарди, тој имал роблеми и со својата сопруга која му е и менаџерка, Ванда Нара.