70
Италијанецот во
четвртокот доби отказ откако пред девет месеци приреди сензација и го
предводеше Лестер до титула во Премиерлигата.
Утрово Клаудио
Раниери се врати во тренинг центарот на „Лисиците“ за да се поздрави со
играчите и персоналот.
На излегување од
комплексот, тој за Скај Спортс рече: „Се чуствувам добро, поради она што го
постигнавме со Лестер”.
„Се надевам дека
успехот ќе биде повторен, но тоа ќе биде многу тешко”.
Запрашан дали
збогувањето со неговите сега веќе поранешни играчи било емотивно, тој додаде: „Не,
беше прилично нормално”.
Скај Спортс вели
дека кратко по заминувањето на Клудио Раниери во тренинг центарот со хеликоптер
пристигнал и сопственикот на Лестер на нова средба со играчите.