Раниери се враќа во Премиерлигата?

by
2 минути читање

Искусниот
италијански фудбалски стратег Клаудио Раниери од лани седна на клупата на
францускиот прволигаш Нант, кого го предводеше сезонава до средината од
табелата во Лига 1, изборувајќи опстанок во тамошниот фудбалски шампионат.

Раниери се
пресели на клупата на Нант по проблемите со кои се судри во поранешниот
англиски првак Лестер, кого го предводеше до сензационалната титула во
Премиерлигата, доста дискутабилни беа причините за неговото заминување од таму,
а сега се шпекулира дека би можел да се врати во најсилниот шампионат на
Англија.

66 годишниот
Италијанец би можел повторно да се врати во Лондон, откако претходно го
предводеше Челси, но овој пат, тој се споменува како наследник на Ммаурисио
Покетино на клупата на Тотенхем.

Вреди да се
додаде дека Покетино пак се поврзува со преселба на клупата на градскиот ривал
на Тотенхем, Челси, кој се поизвесно е дека ќе остане без Антонио Конте по
крајот на актуелнава сезона.

class="twitter-tweet" data-lang="en">


https://t.co/jzSXd6g7zPpic.twitter.com/I4VWDbsxsW

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани