Рамос застана зад Зидан и упати провокација до Мурињо по триумфот над Баерн Минхен

by
2 минути читање

Французинот го
наследи Рафа Бенитез на тренерското столче на почетокот од 2016, за кратко
време ги консолидираше редовите и на „Кралевите“ им донесе титула од Лигата на
шампионите по само неколку месеци.

Следната сезона,
Зидан го предводеше Реал до уште поголем успех, беше освоена Примера, а „Лос
Бланкос“ станаа и првиот тим кој ја одбранил Лигата на шампионите.

„Кралевите“
извонредно ја започнаа и оваа сезона, во Скопје го победија Манчестер јунајтед
во Суперкупот на Европа, а потоа ја „решија“ Барселона во Суперкупот на
Шпанија.

Но следуваше пад
во формата, Реал рано ги загуби шансите за одбрана на титулата во Шпанија, а доживеа
и срамна елиминација во Купот, па почнаа да пристигнуваат критики на адреса на
Зидан и да се говори за негов отказ.

Реал сега е на чекор до ново финале од Лигата на шампионите отако вчера триумфираше
на Алианц Арена, па Серхио Рамос го искористи триумфот над Баерн за да застане
во одбрана на стратегот и да испрати провокација до Жозе Мурињо.

„Видете,
тренерите на Реал Мадрид секогаш е бидат критикувани, но јас седум години
поминав тука без титула во Лигата на шампионите, и тренерите кои беа во тој период
воопшто не беа критикувани. Ова особено важи за едно име
– истакна капитенот, алудирајќи на
„Специјалниот“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани