Рамос во елемент, по Мурињо „удри“ и по Франс Фудбал: Доколку Инеста се викаше Андресињо…

by
1 минути читање

Капитенот на Реал
Мадрид откако упати провокација до Жозе Мурињо, истото го стори и со реномираниот
магазин од Франција.

Причина за
реакцијата на Серхио Рамос е извинувањето кое Франс Фудбал оваа недела го упати
до Андрес Иниеста, директорот со специјален текст изрази жалење што никогаш не
му ја доделиле „Златната Топка“ на фудбалерот на Барселона, кој е на крајот од
кариерата на Камп Ноу и треба да започне нова авантура во Кина.

„Доколку Андрес
се викаше Андресињо сигурно ќе добиеше две „Златни Топки“ во кариерата“
– порача дефанзивецот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани