85
Избраниците на Зинедин Зидан играат очајно, ја имаат најлошата сезона во последните неколку години. Изминатиов викенд забележаа нов кикс и одиграа само 2-2 на гостувањето кај Леванте.
Домаќините го шокираа фаворитот во самиот финиш, Пацини погоди за 2-2 во 89. минута. По овој гол, камерите уловија еден разговор помеѓу капитените Рамос и Марсело, кој убаво ја опишува играта на Реал.
„Не може вака. Водиме 2-1, ова не може да се случи. Никој не сака да постави нога. Марсело, премногу сме статични“ – му дофрли Рамос на својот колега од одбраната.