102
Капитенот на
„Кралевите“ не му дозволи на Герет Бејл да ја
изведе најстрогата казна против Леганес. Фудбалските љубители беа сведоци на еден ваков сличен
инцидент во ПСЖ, кога Кавани и Нејмар се натегаа кој да шутира пенал,
ривалството помеѓу двајцата напаѓачи за малку не прерасна во тепачка во
соблекувалната па во целиот случај мораа да се вмешаат и лидерите на клубот
Но Серхио Рамос
вели дека вечерашната ситуација воопшто не е налик на онаа од Паркот на
Принцовите и објасни зошто тој шутирал од белата точка.
„Кога Кристијано
Роналдо не е на теренот, јас и Бејл ја делиме обврската. Сега мене ми беше
редот па затоа јас шутирав” – вели дефанзивецот.
„Нема никакво
ривалство помеѓу мене и Бејл”.