95
Роналдо ги изненади сите, па дури и своите соиграчи, со изјавата по последниот свиреж во финалето од Лигата на шампионите и најавата за можно напуштање на Сантијаго Бернабеу.
Марка пренесува дека Серхио Рамос реагирал веднаш и откако тимот се повлекол до соблекувалната, дефанзивецот му пришол на ЦР7 да го опомене дека ова не е начин на кој треба да се однесува.
„Не е добро тоа што го направи, избра лош момент да кажеш нешто такво. Почекај, не инсистирај. Мораш да направиш чекор наназад и ние ќе ти помогнеме. Сите сме со тебе, но и ти самиот мораш да ни помогнеш“ – гласела пораката на капитенот до првата ѕвезда на тимот.