69
Капитенот на Реал
Мадрид е непријател број 1 на Египет и Ливерпул откако по еден дуел со Мохамед
Салах, Египјанецот лошо падна на тревата и го повреди рамото. Тој со солзи во
очите го напушти теренот на Олимпискиот стадион по половина час игра, а сега е во
трка со времето да биде подготвен за мундијалот во Русија.
Многумина се
убедени дека Серхио Рамос имал намера во својот старт и кумувал на повредата на
Мохамед Салах, па на интернет се покрена петиција со која се бара УЕФА и ФИФА
да го санкционираат дефанзивецот со помош на прегледување повторени смники.
Петицијата беше
објавена на чејнџ.орг (Change.org) и во моментов се потпишани преку 300.000
луѓе.