67
Хрватот смета дека сините нема да можат да играат исто и на Камп Ноу бидејќи ќе мора да одат на победа, ремито од 1-1 во Лондон повеќе одговара на Барселона.
„Доминиравме речиси во текот на целиот натпревар и бевме подобри, а тие направија многу од малкуте шанси кои ги имаа. Три пати шутнаа на голот, два пати ја погодија стативата, еднаш дадоа гол“, изјави Ракитиќ по мечот.
„Стоеја зад топката и чекаа. Моравме жестоко да работиме за да дојдеме до шанса. Изгледаше малку како ракомет, сите беа во зона и чекаа да погрешиме. Во вториот натпревар ќе мора да не нападнат, ние нема ништо да менуваме“.