Ракитиќ со успешна операција на прстот, познато е кога ќе се врати на терените

by
1 минути читање

Хрватскиот
интернационалец од редовите на Барселона, Иван Ракитиќ имаше успешна операција
на прстот од својата рака, по повредата со која се здоби на реваншот против
Рома каде Барселона и покрај домашната победа од 4-1, забележа пораз од 3-0 на
гости, со што доживеа елиминација во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Ракитиќ со скршен
прст ги одигра сите 90 минути од средбата на Олимпико во  Рим, но лекарскиот тим на Барселона одлучи
дека тој мора да оди на операција, по што ќе следи и кратка пауза.

Шпанските медиуми
пренесуваат дека Хрватот ќе биде вон фудбалските терени околу десет денови, а
ќе се врати за финалето од Купот на Шпанија против неговиот поранешен клуб
Севиља.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани