Хајдук се соочува со серија на разочарувачки резултати во кои освои само еден бод на последните три натпревари и така самите си ја закомпликуваа трката за шампионската титула.
Но, сега навивачите на само неколку дена пред големото дерби со Динамо Загреб ги вознемири изјавата на Иван Ракитиќ.
Ангажманот на поранешниот играч на Барселона беше дочекан со голем ентузијазам во Сплит, но Ракитиќ не успеа на теренот да го исполни очекувањата. Иако не блескаше, тајмингот на неговата изјава, четири дена пред одлучувачкиот натпревар со Динамо, предизвика бура меѓу фановите и повторно го отвори прашањето за атмосферата во соблекувалната на Хајдук.
Во интервју за шпанската „Марка“, Ракитиќ отворено изјави дека посакува кариерата да ја заврши во клубот кој го смета за свој вистински дом – Севилја.
„Ја гледав Барселона како го освојува Купот на кралот против Реал, и тоа во Севилја – мојот град. Така ја чувствувам Севилја, каде и да одам, велам дека сум оттаму. Се надевам дека ќе ме повикаат. Сите во клубот го имаат мојот број. Не ми останува уште многу во кариерата, а сите знаат колку го сакам тој клуб и тој град. Подготвен сум да се вратам, само чекам повик од претседателот“, порача Ракитиќ.
За многумина ова е непромислена изјава на хрватскиот ветеран која може да донесе и лоша атмосфера пред дербито.
Фото: HNK Hajduk Split