Рајола си го фали клиентот пред продажба: Балотели вреди 100 милиони евра!

by
1 минути читање

Договорот на Балотели со Ница истекува на 30. јуни и францускиот клуб нема да може да си го дозволи доколку не се квалификува во Лигата на шампионите, тоа значи дека напаѓачот во следната сезона ќе се пресели во нова средина.

Тој ќе замине како слободен играч а Рајола сигурно ќе инкасира убава сума како провизија од клубот во кој ќе потпише Балотели, па почна да го фали.

„Марио е подготвен да се врати, тој созреа и сега е еден од најдобрите десет напаѓачи во светот. Во Италија е број еден. Вреди 100 милиони евра, но е слободен играч па ќе замине бесплатно“, вели Балотели во интервју за „Раи“.

„Веќе сум во преговори со неколку клубови во Англија и Италија. Зборував со Јуве, Рома, Наполи и Интер“.

„Милан? Не бидејќи Мирабељи е таму а јас не можам да зборувам со него, не сум на негово ниво“.

Рајола нема добар однос со спортскиот директор на Милан, Масимо Мирабељи поради моментите со Донарума за кој вели дека ако сака да замине од Сан Сиро одма ќе му најде нов клуб.

„Донарума направи избор и остана во Милан. Го почитувам тоа. Доколку ми рече дека сака да замине веднаш ќе почнам да работам бидејќи има важни понуди“.

„Доколку зависеше од мене, Џиџо треба да си оди од Милан“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани