Мино Рајола
никогаш не бил фан на Пеп Гвардиола, барем не на тоа каква личност е Шпанецот.
Контроверзниот агент не го „мириса“ стратегот поради начинот на кој го третираше
неговиот клиент Златан Ибрахимовиќ во Барселона.
Швеѓанецот дојде
како големо засилување на Камп Ноу, но си замина на мала врата по само 12
месеци поради недоразбирања со Пеп Гвардиола.
„Тренерот Пеп
Гвардиола е фантастичен” – вели Мино Рајола за Мирор. „Но како личност е нула. Тој е
кукавица, куче. Прав свештеник, „Не ме гледај што правам слушај ме што зборувам”. Ако Манчестер Сити оваа сезона триумфира
во Лигата на шампионите тоа само ќе покаже колку навистина добар тренер е,
но јас ќе го мразам овој успех“.
Расправијата
помеѓу стратегот и Златан Ибрахимовиќ придонесе Швеѓанецот да не го освои
единствениот трофеј кој му недостасува, оној од Лигата на шампионите.
Откако напаѓачот
беше испратен на позајмица во Милан, „Каталонците“ истата сезона на Вембли се
радуваа на успех во најелитното европско натпреварување по триумфот од 3-1 над
Манчестер јунајтед.
„Таа вечер сакав
да расчитам нешто со него и сакав да го сретнам во коридорот на Вембли, но ме
сопре Адриано Галијани, па можам да кажам дека Пеп имаше среќа”.
„Гвардиола му
кажа на Златан дека слободно може да му се обрати доколку има некакви проблеми
или забелешки. Но потоа само го игнорираше и не го играше. Не сакаше да му кажи
ни здраво. Истото му го стори и на Максвел, кој е прекрасно момче и го
обожаваат сите”.
„Па му кажав на
Ибра да го паркира своето Ферари на паркинг местото на Гвардиола!”