Рајола ја одреди цената на Балотели и ги откри екипите со кои преговара за негов трансфер

by
1 минути читање

Марио Балотели
претстојното лето ќе биде слободен играч на трансфер пазарот, неговиот актуелен
важечки договор со францускиот прволигаш Ница истекува во јуни.

Контроверзниот
Мино Рајола, кој инаку е менаџер на италијанскиот напаѓач, ја одреди цената на
својот клиент, а воедно и ги откри имињата на клубовите кои се потенцијални
фаворити за неговиот потпис.

Марио е еден од
најдобрите напаѓачи во светот, според мене во топ десет, преговараме со екипи
од Англија и Италија. Неговата вредност на трансфер пазарот изнесува 100
милиони евра, а веќе имам начелни преговори со Јувентус, Интер, Рома и Наполи

истакна Рајола.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани