29
Ѕвездата на Бразил, Рафиња вели дека пристигнал во Барселона со намера да игра како десното крило, но не може да се носи со младиот Ламин Јамал, па морал да се прилагоди на друга позиција.
Ламин Јамал е страшен фудбалски талент и со само 18 години се наметнува како главен играч на Барселона и репрезентацијата на Шпанија.
Во разговор со Глобо Еспорте, Рафиња сега му симнува капа на својот помлад соиграч и ја признава неговата супериорност.
„Кога пристигнав во Барса, сакав да играм само како десно крило. Но не можам да се носам со Ламин Јамал на оваа позиција, тој е извонреден талент. Затоа морав да се прилагодам и да играм на други позиции“ – вели Бразилецот.
ФОТО: X/FC Barcelona