Пукна петарда на „Енфилд“: Ливерпул се „распука“ против Свонси и го почести со пет гола во мрежата (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Ливерпул со 5-0 го
совлада Свонси пред своја публика во последниот меч предвиден за денеска на „Боксинг
деј“ во рамките на 20 коло од англиската Премиерлига.

Само еден гол беше
постигнат во првото полувреме, а истиот беше дело на Кутињо.

Во второто полувреме
Фирмино постигна два, додека пак по еден гол реализираа Арнолд и Чемберлејн.

Со оваа победа Ливерпул
се врати на четвртото место на табелата со 38 освоени бода, пет помалку од
второпласираниот Манчестер јунајтед, односно четири помалку во однос на Челси. 

Што се однесува пак до Свонси, нему ќе му претстои тешка битка за опстанок во елитата, откако по 20 одиграни натпревари има само 20 освоени бода.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани