ПСЖ и Стразбур вечерва го одиграа еден од најдобрите натпревари од почетокот на сезоната во кој видовме шест погодоци, а на крајот немаше победник (3-3).
Голеадата започна уште во шестата минута кога Баркола стрелаше за водство на ПСЖ, но гостите тоа не ги откажа и до крајот на првиот дел успеаа да го свртат резултатот. Прво Панчели во 26. минута израмни на 1-1, а потоа и Мореира во 41. минута го постигна втоиот гол.
Само што започна вториот дел по четири минути игра Паничели и вторпат се запиша во листата на стрелци за 1-3.
ПСЖ во продолжение тргна во целосна офанзива, а за 2-3 се погржи Гонзало Рамош кој реализираше најстрога казна во 58-та минута.
На десетина минути пред кајот во листата на стрелци се запиша и Мајулу за конечни 3-3.
По ов реми ПСЖ стигна до 17 бода во Лига 1, еден повеќе од Стразбур кој од стартот на сезонта е најголемо изнеадување во најсилното француско првенство.