ПСЖ и со два фудбалери помалку го победи Баерн, натпреварот остана во сенка на повредата на Мусиала (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерите на Пари Сен Жермен го добија големото европско дерби против Баерн Минхен со 2-0 и обезбедија пласман во полуфиналето на Светското клупско првенство.

Во првото полувреме не видовме голови, но донесе драматичен момент кога во финишот, Џамал Мусиала доживеа тешка повреда по судир со голманот на ПСЖ, Џанлуиџи Донарума. Според првичните информации, станува збор за скршеница на ногата, поради која германскиот репрезентативец ќе отсуствува подолго време од терените.

Во продолжението ПСЖ ја презеде иницијативата и дојде до водство во 78. минута, кога младиот Дуеа ја искористи асистенцијата од Жоао Невеш и донесе предност за „светците“.

Само пет минути подоцна, тимот од Париз остана со играч помалку по црвениот картон на Пачо, а длабоко во судиското надополнување и Лукас Ернандез беше испратен во соблекувалната. Сепак, тоа не ги спречи избраниците на Луис Енрике, преку Дембеле во самиот финиш ставија печат на победата со втор погодок.

ПСЖ во полуфиналето ќе се соочи со победникот од дуелот помеѓу Реал Мадрид и Борусија Дортмунд, додека втората полуфинална двојка ќе ја сочинуваат Флуминензе и Челси.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×