ПСЖ со прв извештај за повредата на Нејмар, еден дел е прилично алармантен

by
1 минути читање

Шампионот на Франција го објави првиот извештај за повредата на Нејмар, кој фрла дополнителен сомнеж за тоа дали Бразилецот ќе настапи на реваншот со Реал Мадрид во Лигата на шампионите.

ПСЖ синоќа доцна во вечерните часови излезе со официјално соопштение и го потврди она што веќе се знаеше, дека напаѓачот има дисторзија на скочниот зглоб.

Но исто така беше откриен и фактор кој до сега не беше познат. Нејмар има микро фрактура на петата метатарзална коска на стапалото.

„Светците“ не пренесуваат колку време Нејмар ќе биде надвор од стројот и дали тој ќе настапи на реваншот против Реал Мадрид во Лигата на шампионите. Обично за ваква повреда се паузира помеѓу три и четири недели, но често знае играчот да стисне заби и да игра. Со оглед на тоа од каква важност е средбата на „Паркот на принцовите“ на 6. март, големи се шансите Нејмар да настапи.

Сепак, овој потег носи голем ризик и закана од посериозна повреда, доколку фрактурата се прошири и биде потребна операција, Нејмар ќе паузира неколку месеци со што практично сезоната ќе заврши за него.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани