Кристијано
Роналдо е дамнешна желба на „Светците“, името на Португалецот се поврзува со
ПСЖ уште кога клубот премина во рацете на Шеикот од Катар.
По изјавата на
ЦР7 во Киев со која навести заминување од Реал Мадрид, одново се актуелизираше
неговата преселба на Паркот на Принцовите.
Денешното издание
на АС вели дека шампионот на Франција е подготвен да го исполни она што
Кристијано Роналдо цела година го бара од Флорентино Перез и со годишна плата
од 45 милиони евра да го изедначи со Лео Меси.
Според
Глобоеспорте, ПСЖ со месеци употрно тропа на врата на Реал со понуди, но не за
услугите на Кристијано Роналдо. Реномираниот весник од Бразил вели дека желба
на „Светците“ е моторот во средниот ред на Зинедин Зидан, Каземиро.
Биле испратени
неколку понуди, но одговорот на „Кралевите“ секогаш бил ист: Каземиро не е на
продажба! Реал Мадрид планира да го награди Бразилецот за одличните партии со
нов побогат договор.