ПСЖ полека го убива фудбалот, „Светците“ со 170 милиони евра го купуваат СМС?!

by
2 минути читање

„Светците“
изминатово лето го „раздрмаа“ трансфер пазарот откако го украдоа Нејмар од
Барселона за 222 милиони евра и го направија Бразилецот далеку најплатен во
светот на фудбалот.

Тоа како да не беше
малку, па до крајот на преодниот рок ПСЖ го ангажираше и суперталентираниот
Килијан Мбапе за 180 милиони евра.

Медиумите од
Италија сега најавуваат нова трансфер бомба, Кориере дело Спорт пишува дека
клубот од Паркот на Принцовите е решен по секоја цена да го ангажира Сергеј
Милинковиќ Савиќ од Лацио, и за оваа цел ПСЖ е подготвен да плати неверојатно
170 милиони евра.

Србинот со своите
добри настапи во дресот на „Бјанкочелестите“ го привлече вниманието на неколку
клубови, а изминатото лето, Лацио одби 70 милиони евра.

Скаути на
гигантите од Европа се на трибинтие на секој натпревар на Лацио и се најавуваше
дека на адреса на клубот од Рим во јануари ќе пристигне понуда од 100 милиони
евра од Манчестер јунајтед.

ПСЖ не сака да
остави ништо на случајноста па со понуда од 170 милиони евра планира да ја
„збрише“ конкуренцијата и да стигне до перспективниот 22 годишен фудбалер од
средниот ред.

Со своето вакво
однесување ПСЖ само го убива фудбалот и прати потреси на трансфер пазарот кои придонесуваат
да се плаќаат луди суми и за играчи кои се само просечни.

УЕФА го постави
Финансискиот фер плеј за да го спречи токму ова, но очигледно „Светците“ знаат
како да ги изиграат правилата, па европската куќа на фудбалот ќе мора што
поскоро да најде решение.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани