ПСЖ вечерва на
Паркот на Принцовите ќе треба да надополни негатива од 3-1, па „Светците“ со
денови ги повикуваа своите фанови да креираат пеколна атмосфера а дури беа направени
и видеа во кои се зборуваше за војна.
Најжешките фанови
сериосно си ја сфатија работата, па утрово околу 1:30 часот, 50-тина ултрас навивачи
се појавиле пред хотелот во кој е сместена делегацијата на Реал Мадрид.
Тие фрлале
петарди, „бомби“ и правеле врева. Обезбедувањето на Реал Мадрид веднаш ја
повикало полицијата која за кратко време пристигнала и привела две лица.
Сепак, целта била
остварена, фудбалерите на Реал Мадрид останале без сон.
At 01.30 am a group of Ultras PSG went to wake up the Real Madrid players at the hotel they were staying at.. #PSGRMA. pic.twitter.com/CHxKycVQac
— TheRealCasuals (@Real_Casuals_66) March 6, 2018