„Старата Дама“
одлично го започна натпреварот против Тотнем, Гонзало Игуаин погоди по само две
миниту. Аргентинецот реагираше мајсторски по нафрлената топка на Пјаниќ од
прекин и го матираше Хуго Лорис.
Голот на
„Пипита“ сепак беше од офсајд, но ова не го забележа ниту главниот судија, ниту пак
неговиот помошник.
Па фановите на
социјалните мрежи почнаа да прашуваат дали е време УЕФА полека да мисли за употреба
на ВАР.
И видео
технологијата не е перфектна, на моменти создава голема конфусија наместо да ги
реши проблемите, но барам е од голема корист за вакви ситуациии кога треба да
се одреди офсајд.
Влогот во Лигата
на шампионите е голем, особено во вакви нок-аут натпревари каде ситни детали
решаваат за тоа кој ќе ја продолжи битката за трофеј а кој ќе си ги пакува
куферите.