Првиот човек на ПСЖ „плаче“: Резултатот не е фер, судијата му помогна на Реал

by
1 минути читање

ПСЖ добро го
започна дуелот на Бернабеу и поведе со голот на Рабио, но „Кралевите“
изедначија пред полувремето со погодокот на Роналдо од пенал.

„Светците“ беа
подобар противник и во вториот дел, но откако не успеаја да ја затресат по втор
пат мрежата на Навас, Реал казни во финишот од мечот и преку Роналдо и Марсело
обезбеди триумф од 3-1.

„Не одигравме
толку лошо како што покажува резултатот. Верувам во овој тим, не чекаат нови 90
минути пред нашите фанови и мислам дека можеме да се пласираме во четвртфинале.
Ќе му биде тешко на Реал
– вели првиот човек на ПСЖ, Насер Ал Келаифи.

Тој потоа се
пожали и од судијата Џанлука Роки: „Резултатот не е фер, мислам дека бевме
подобар противник во второто полувреме, имавме шанси но правевме грешки
.

„На Мбапе му беше
досуден офсајд кога не беше во офсајд… Жолтите картони, ситни работи за кои
се имаше двоен аришин и секогаш беа во корист на Реал. Грешките на судијата не
чинеа многу. Судијата му помогна на Мадрид
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани