Во битка на
титаните, Реал Мадрид го пречекува ПСЖ на Сантијаго Бернабеу во првиот
натпревар од Лигата на шампионите. За многумина ова
ќе биде и дуел помеѓу Кристијано Роналдо и Нејмар. Со таков став е и
каталонскиот Мундо Депортиво, кој сепак го оскористи овој спектакл за да упати
провокација.
Весникот на
својата насловна страна објави слика од Португалецот и Бразилецот и напиша „Quien
es el N°2?“ или
во превод „Кој е Бројот 2?“. Прашањето очигледно имплицира дека ѕвездата на Барселона,
Лео Меси е најдобриот гирач во светот, па неговите ривали од Реал Мадрид и ПСЖ
можат да борат само за второто место на престолот.
Првиот човек на весникот, Санти Ноља вели: „Подолго време
Бројот 1 е во сопственост на Меси. И за ова има малку дискусија помеѓу експертите.
Па пресметката помеѓу Реал Мадрид и ПСЖ ќе го даде одговорот на прашањето за
бројот 2, Нејмар ќе му конкурира на Роналдо. Некои дури го ставаат и Мбапе во
оваа битка, но во овој момент, прилично јасно е дека Португалецот и Бразилецот
се главните натпреварувачи“.