Продажбата на Милан под лупа, обвинителството истражува перење на пари!

by
1 минути читање

Нови контроверзии околку продажбата на Милан, која се одолговлекуваше со месеци за во април 2017 конечно „Росонерите“ да преминат во рацете на конзорциум од Кина.

Зделката донесе многу прашалници, пред се за тоа колку навистина е богат новиот сопственик Ли Јонгхонг, и дали тој ќе може да ги подмири сите обврски со оглед на тоа дека позајми 300 милиони евра од фондот Елиот.

Медиумите од Италија сега говорат за нови проблеми, Ла Стампа и Секоло XIX пишуваат дека обвинителството од Милано неодамна отворило официјална истрага.

Постои сомнеж за перење пари од страна на Силвио Берлускони, неговата компанија Финивест и Ли Јонгхонг.

Причина за ова се неколку сомнителни чекови, како и тоа што Милан бил продаден за 300 милиони евра повеќе од реалната вредност.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани